Oдговарајќи на прашање околу цар Самоил и дали договорот за пријателство со Македонија е премногу нејасен, европратеникот Андреј Ковачев во гостување на БНР вели:

„За мене е јасен. Во него е запишано дека оваа комисија треба да работи,  не врз нивните толкувања како сакаат да ни кажат дека треба да ги толкуваме оригиналните документи, туку базирано на автентичните документи од соодветната епоха. Тоа е запишано во самиот договор, и таа реченица е во договорот“”, вели Ковачев.

„Треба да се обединиме околу тоа дека има такви документи, факти, архиви, артефакти од соодветната епоха кои го велат тоа”, додаде тој во интервју за емисијата “Сабота 150”.

Во одговор на прашање дали не е несоодветно да се критикува македонскиот  премиер  Зоран Заев – кога Република Македонија се наоѓа среде деликатен процес на усвојување на уставните измени поради договорот со Грција за новото име – бугарскиот европратеник Андреј Ковачев  вели:

„Тогаш Г-дин Заев треба да биде внимателен, ако моментот е толку деликатен за нив –  што зборува и каде сака да го проширува македонскиот јазик, зашто имаше специфичен повод  за реакцијата“, изјавил Ковачев.

За перспективите на Македонија во ЕУ, европратеникот изјавил:

“Многу тешко прашање е како ќе се развива самата ЕУ, какво ќе биде расположението во самата ЕУ – гледате дека има доста сериозно блокирање на секакви идеи за проширување … во однос на визите за Косово ветивме, ако исполнат одредени барања да немаат визи – тоа не се случи, а ние ги исполнивме условите за Шенген седум години – и тоа не се случи “, вели Ковачев, пренесува Dnes.bg.

SHARE