Уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ демонстрира недостиг на историско паметењњ  и шири  омраза и историски манипулации во однос на Бугарија, изјави европратеникот Андреј Ковачев, од бугарската ВМРО и еден од најактивните бугарски политичари кој ја поддржува евроатлантската интеграција на Република Македонија.
Поводот за неговиот коментар е изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, која, како што пренесува БГНЕС бил исполнет со омраза и реторика која потсетува периодот по 1945 година, кога на власт беше југословенскиот диктатор Тито.
„Портпаролот на партија со буквите ВМРО зборува за ‘бугарски фашисти“”??? Отсуствуво на вистинска историска меморија за тоа каде биле ВМРО за време на бугарската администрација во Македонија или повторно злонамерен коментар од оваа партија спрема Бугарија? До кога ќе поттикнуваат омраза? До кога ќе ги повторуваат лагите на титовите и на бугарските комунисти? “, прашува Андреј Ковачев.
Тој посочи дека дури и СДСМ во последно време не зборува за „бугарски фашисти“, но „сестринската партија“ / ВМРО-ДПМНЕ која припаѓа на семејството на ЕПП – очигледно не може да отвикне. ”
Веќе втора генерација во раководството на оваа партија расте со историските манипулации против Бугарија! Само вистината може да нè спаси и ке не спаси! “, Категоричен е Ковачев, пренесува БГНЕС