Ковачки: Македонија крвари и ако не го запреме крварењето од повеќе рани – ќе искрвариме! (ВИДЕО)

Полковникот на Армијата на Република Македонија, Драган Ковачки, со драматично предупредување при објаснувањето зошто заплива во политичките води и од неодамна е нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија крвари и ако не го запреме тоа крварење од повеќе рани – ние ќе искрвариме! Крварењето и раните ги нанесоа Зоран Заев, Радмила Шекеринска и тоа потесно раководство на СДСМ. Тие нанесуваат штета не само на Македонија, тие нанесуваат штета и на сопствената партија. Тоа членството го гледа, меѓутоа во моментов, поради одредени нивни бенефити, молчат. Им се исплаќа во моментов тој конформизам. Меѓутоа, тој е многу погубен за државата. Тоа мора да запре. Ние мораме тие лица да ги запреме, зошто ќе ја однесат државата таму кај што никој не ја сака. Ќе искрвариме!“, нагласи во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ несудениот технички министер за внатрешни работи, чија номинација од опозицијата тогаш беше отфрлена од власта.

SHARE