Ковид-19: Еден починат, 20 новозаразени, 24 оздравеле

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти соопшти Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20  нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 16, Куманово 2 и Прилеп 2.

Вкупната бројка на дијагностицирани со корона од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, оздравени пациенти се 1.411, а починати – 113.

SHARE