„76-годишна жена, пациент на дијализа, позитивна на ковид, со пад на сатурација, висока температура и наод на плуќата, за што доктор претходно порача ИТНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, по извршената дијализа во ковид центарот во ‘8-ми Септември‘, оставена е во ходник сама без никаква медицинска нега“ пишува скопјанка во Фејсбук групата „Ковид 19 – искуства и совети.

„Чека да ја донесеме дома. Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад. Нормално, дома без соодветна терапија ситуацијата драматично се влошува. Утредента во полукоматозна состојба доаѓа брза помош (секоја им чест), но и тие уплашени, кажуваат дека не знаат каде да ја носат, во болница не им ги примале пациентите, особено постарите.

На наше настојување докторката решава да се обиде да ја примат во ‘8-ми Септември‘ како нивен пациент. По 30-минутно чекање во комбето, докторката се враќа и ни кажува дека нема да ја примат, едноставно над 70 години не примаат во ‘8-ми Септември‘.

Сакаат да ја вратат дома, а сатурацијата е 60.

На наше очајно инсистирање, сепак брзата помош се решава да се обиде на клиника. И таму чекање 30 минути во комбето, за на крај сепак да се смилуваат и да ја примат на гастро. Рекоа, чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала“.

(…)

Таа јавно го повика Венко Филипче да излезе и јавно да објави дека во ‘8-ми Септември‘ е забрането да примаат пациенти над 70 години.

„Јавноста мора да знае, особено постарите каде да се обратат во случај на компликации од вирусот“, пишува скопјанката.