Сопствениците на „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“, вечерва на состанок со министерот Венко Филипче, договориле болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19.

Ова е беше втор состанок на кој се одлучувало околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19.

Заеднички било догоиворено целосно ад се опреми болницата со 100 кревети, да се инсталира кислород, што ќе биде направено за неколку денови.

Прогнозите се дека до крајот на неделата ќе почне со работа.

Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници.Независен

SHARE