Крај на Исламската држава (ВИДЕО)

Терористичката група „Исламска држава“ (ИСИС) е поразена во битката кај Багуз кој беше последното упориште на оваа група во Сирија, соопштија Сириските демократски сили (СДФ).

СДФ, кој уживаат американска поддршка, соопшти дека самопрогласениот калифат завршил, пренесе Ројтерс

Во прилог на тврдењето дека  Калифатот е поразени, медиуми споделуваат свидео-снимка од капитулацијата на борците на Исламската држава.

Бескрајна колона на луѓе во пустина, со лица покриени со марами, клекнати на колена  еден позади друг , може да се види на видеото објавено од сирискиот новинар Мохамед Хасан.

„Најдолгата колона членови на ИСИС од различни националности им се предаде на Сириските демократски сили“, напиша тој во Твитер.

SHARE