Крај – последната колумна на Ванковска за името

Еден од најактивните борци против промена на името не гледа светло на крајот на тунелот во битката со тие што решиле и работат да го сменат личниот опис и адреса на Македонија.

Професорката Билјана Ванковска за Нова Македонија ја напиша последната колумна на оваа тема.

И со тоа разочара многумина затоа што битката за Република Македонија губи важен и почитуван борец.

“Простете, ама јас веќе не можам вештачки да ја одржувам надежта. Сторив сѐ што е во човечки можности, но ова е крајот на донкихотизмот. Не гледам ни зрак светлина на крајот на тунелов што кротко ќе си го изодиме, со помиреност својствена на луѓе што ги водат на „(ре)туширање“.

Парадоксално, единствената (слаба) надеж сега е во грчката страна. Обземени со самите себе, опфатени во некаков политички „аутизам“, не ги гледаме глобалната и европската слика.

Причините, последиците и одговорите на сите дилеми се таму – ние сме ситна паричка за поткусурување. Нѐ тераат да веруваме дека (ќе) живееме во некој паралелен свет, кој нема врска со Париз во пламен.

Треба да му веруваме на Заев, кого освен за марихуана го бидува и за друг „опиум за народот“, за НАТО/ЕУ како рај на земјата! Најмала вина, сепак, имаат обичните луѓе.

Прошка не заслужува интелектуалната елита, која, типично кетмански, мисли дека решението е во „компатрментализацијата“ на кошмарот, кој така изгледа поедноставен, а е и стерилизиран од „национализам“ (кој според нив е содржан во легитимната и легална битка за името и идентитетот)!

Тие се вџашуваат од однесувањето на Кацарска или од глупостите на Шилегов, зборуваат за кршење закони, ама не и за устав (тоа не им била позната материја). Се стресуваат пред урбаната мафија (сега во рацете на Заев и компанија), ама не и пред политичкиот „сточен пазар“ и „помирувањето“, тоа е за повисоко добро.

На Фејсбук ќе ги видите сите 50 нијанси (македонско) жолтило. Кај оригиналните жолти елеци има идеолошка конфузија, и во поглед на барањата и во методите на борба. Но, тие ја разголија бруталната сила на неолиберализмот, на капитализмот што е разведен од демократијата.

Ја симнаа фината обланда за наводна социјална држава, зад која се таложат генерациски проблеми. Нашите типични изданоци на колонизираната свест се занимаваат со последиците, а не со причините.

Се бунат (симболички) против сѐ и сешто, освен против капитализмот, неолиберализмот, НАТО и ЕУ. Накрај на памет не им е да го прозоват македонскиот Макрон (или Трамп), не дај боже да му побараат оставка. Со презир гледаат на луѓето што среде зима блокираат улици. Тие се недостоен плебс, кој треба да се пцуе и омаловажува. И така, сѐ се сведува на нов кликтивизам и помодарство („видела жабата“).

Преспанскиот процес завршува со уставниот преврат, кој е неповратен чин. Според Заев „не излегоа мечки од амандманите, нема ништо закукулено, замумулено“.

Во духот на Андриќ за будалите, фукарата и паметните, пред ваква елоквенција мора да се замолчи. За националното фијаско и предавство, од мене – толку! Тоа сега самото зборува за сите нас.

ENDE! Game over! Мамурлакот по отрезнувањето ќе биде тежок”, пишува Ванковска во во својот текст.

Целата колумна во Нова Македонија

Капут

SHARE

12 Коментари

  1. СРБИЈА ВЧЕРА НЕ ПОБАРА РЕЗОЛУЦИЈА НА СБ ЗА ОСУДА НА ЧИН СО КОЈ СЕ ФОРМИРА ВОЈСКАТА НА КОСОВО! СЕГА СРБИЈА АКО ИМАШЕ ПРОСТОТО МНОЗИНСТВО ВО ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ БИ МОЖЕЛА ДА ОСТАВАРИ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ООН ЗА ОСУДА НА ЧИН СО КОИ СЕ ФОРМИРА КОСОВСКАТА ВОЈСКА! БЕЗ РАЗЛИКА НА СТАВОТ ИЛИ НЕМАЊЕ СТАВ ВО СБ НА ООН.
    (НО ОВА, СЕ РАЗБИРА, ЗАВИСИ ОД СРПСКИТЕ ПРОЦЕНКИ, А НИЕ НЕ СЕ МЕШАМЕ ВО ТОА.)

  2. ВМРО-ДПМНЕ ЈАСНО ДА КАЖЕ КОЈА Е АЛТЕРНАТИВА ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР!

  3. ВМРО-ДПМНЕ СЕГА ЗНАЕ ДЕКА РЕШЕНИЕ ПОСТОИ НАДВОР ОД КАКОВ БИЛО ДОГОВОР СО ГРЦИЈА ЗА ИМЕТО ИЛИ ИДЕНТИТЕТОТ: НЕКА ВМРО-ДПМНЕ ИСКАЖЕ СВОЈОТ СТАВ!

  4. Сегашна (моментална) состојба: Амб. Ристо Никовски има план кои и сега е на маса кај Претседателот Иванов.

    Ристо Никовски се залага за праќање еден Меморандум од наша страна до Советот за Безбедност на ООН (СБ) како Решение на проблемот.

    Но две работи во планот на Никовски се проблематични:

    1. Во СБ нема никогаш да се донесе одлука, поради ВЕТО од една или друга Голема сила, и поради тоа што Генсек ке инсистра дека СБ не е надлежен (како што вели Ген секот и сега со Преспанскиот договор)
    2. Меморандум е Писмо, а не одлука или предлог одлука или предог резолуција, а со едно писмо не се прави никаква обврзувачка одлука.

    Заклучок: Нас ни треба Резолуција на Ген. Собрание на ООН, а не Молба или преписка до СБ на ООН или некое соопштение од СБ.

  5. ЗАКЛУЧОК: Вас, (тебе и на Никовски) ви треба помош од психијатар. Беше донесена резолуција од Советот за безбедност со која се бараше Грција и Македонија да најдат решние за разликата околу името СО ЦЕЛ ДА СЕ СОЧУВААТ МИРНИТЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ. Истото го побара и Генералното собрание на ОН. Грција и Македонија постигнаа договор со кој се надмина разликата околу името, со што се исполни барањето на Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН. Во тек е имплементација на договорот. Уставните измени се пред крај, а следи ратификација на договорот во Македонија и Грција. КОМУ му е гајле за што се залагале некој си Игор Јанев и некој си Ристо Никовски? Вие двајца сте никој и ништо. Не го претставувате нити народот нити државата. Не сте никаков фактор нити во Македонија, нити во светот. Вие сте двајца занесењаци, кои фантазираат шта би било, кад би било. Тоа што вие го мислите нити можело, нити може, нити ќе се оствари. На вас двајца не ви е јасно дека НЕМА РЕШЕНИЕ без договор помеѓу Македонија и Грција. И договорот се постигна. Не е важно дали ви е тоа јасно или не. Од вас двајца ништо не зависи. Кучињата лаат, караванот врви. За неклку месеци од сега договорот ќе е ратификуван и од Македонија и од Грција и таа приказна ќе заврши. Но како изгледа, кучињата ќе лаат и од кога ќе помине караванот.

    • Психијатар ти треба тебе кои упорно сакаш да не прекрстиш! Оди лекувај се додека е време. И не лажи повеќе никој не те зима за озбилно! А Игор Јанев не го ставај во уста!

      • П.С. Ти кажав јас минатиот пат да се претставиш па да одиме заедно на кафе, само кажи место и време.

  6. Заклучок Вас двајца Колега2357 и анонимус „ЕДЕН” надмудрувај те се во некоја кафеана и задолжително побарајте психијатријска помош, се заедно со Вашите шефови и генијалци кои се НЕКОЈ и НЕШТО! Искрено, поголема будала од „ЕДЕН” досега не сум видел.

    • И да не заборавам, по неедуцирани и поглуп политичар од Заев не сум видел во свој живот.

  7. Димитров е шпион и лудак, без капацитет да потпише било што, како непресметлив и од фактот дека сам признава шпионско делување дури од 2010. Оној момент кога кажа дека народот е искомплексиран и дека се срами од сопствениот народ и се ова го кажа во Собранието на РМ обраќајќи се како Министер за надворешни работи на РМ, тој момент докажа ДЕКА Е ЛУД и НЕПРЕСМЕТЛИВ, и дека не е во психичка состојба да потпише ништо што е правно обврзувачки! ПОНИШТУВАЊЕ ПРЕСПАНСКИОТ, а Димитров и Заев во лудница!

  8. Почитувани граѓани на Република Македонија, пред нас е уште една фаза од нелегитимниот процес на уставни измени кои Владата на Зоран Заев во содејство со група одродени пратеници, дел потплатени, дел уценети, дел притиснати, ги туркаат на мускули, а навидум во очите на медиумите и странците во демократска и легитимна атмосфера. Сведоци сме дека и покрај неуспешниот референдум и недонесената одлука за прифаќање на Договорот од Преспа и менување на Уставот, Владата на Зоран Заев и натаму подолжува да врши силување на државата, да ги крши законите, да ги повредува нашите елементарни права и да спроведува класично политичко самоволие во системот без никаква грижа на совест и елементарно почитување на етичките вредности во политиката.
    Во оваа прилика би сакала да го потсетам Заев и неговата дружина дека во член 30, став 2 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Сл. весник на РМ, бр. 81/2005) децидно стои дека „Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето во согласност со резултатите од референдумот“.
    Со оглед дека на одржаниот референдум на 30. септември оваа година одлука не беше донесена, што беше констатирано и од страна на ДИК, а имајќи предвид дека согласно чл. 2, став 1 од Уставот на Република Македонија „Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните“, резултатите од одржаниот референдум не го овластуваат ниту Заев, ниту кого било друг од власта да вршат промена на државното име и промена на идентитетот на Македонците.
    Такво овластување нема добиено никој во власта, ниту кој било друг фактор од опозицијата. Такво овластување и мандат нема побарано ниту една политичка партија на последните парламентарни избори во 2016 година, па оттука ниту една партија нема добиено мандат, овластување, полномошно од нас граѓаните, носителите на суверенитетот за една таква тешка и комплексна операција.
    А без овластување од суверенот никој не смее врата да отвори, а камоли да менува вековно име на еден народ, уставно име на држава, библиска историја на народ, личен и колективен идентитет на повеќе милиони Македонци кои живеат во Македонија и насекаде во светот.
    Од овие причини, целата постапка што нелегитимно се тера од страна на нелегалното парламентарно мнозинство во Собранието на Република Македонија ја оценувам како геноцидна и како таква високо криминална по својата суштина.
    За мене е целосно правно и политички неприфатливо, спротивно од мнозинската волја на граѓаните да се организира постапка за уставни измени.
    Уставотворната власт е оригинерна и неограничена власт.
    Ниту една друга власт, ниту надворешна сила не е посилна и поважна од народната уставотворна сила. Затоа што ако најважните цели на Уставот се да се зацврсти националното единство во земјата, да се засили моќта на граѓаните и да се заштитат нивните лични и колективни права, ако смислата на Уставот е да се заштитат националните вредности и да се зајакне легитимитетот на највисокиот правен акт во земјата, тогаш како тоа ќе се постигне ако народот не се прашува за уставните измени, ако насилно се буткаат октроирани решенија што не се прифатлив од страна на уставотворната суверена власт?
    Како поинаку да се дефинира овој насилен и наметнат процес на уставни измени освен како геноциден и самоукинувачки акт?
    Како поинаку да се разберат тапоглавите политички моќници кои преку ноќ сакаат да избришат нашата вековна историја, нашата традиција, нашето име, идентитет, освен како навиени марионети кои спроведуваат туѓи агенди спротивно на интересите на својот народ?
    За мене, а верувам и за најголем број Македонци во земјата и во светот, кои веруваме во силата на правото и правдината, одлуката донесена на 8. септември, 1991 година е се уште во сила и ќе остане така се додека граѓаните не донесат поинаква одлука на референдум со која ќе се укине дејството на првата одлука од 1991 година. Само нова референдумска одлука со поинаква содржина може да ја укине важноста на одлуката донесена на 8. септември, 1991 година. Референдумската одлука од 1991 година не може да биде укината со ниту еден од предложените уставни амандмани, затоа што силата на референдумот е неприкосновена и е над силата на неовластените од никого пратеници да вршат промени какви што ги тераат во моментов во Собранието.
    За мене е важна одлуката на ДИК објавена во „Службен весник на РМ“ во која стои дека референдумот одржан на 30.09.2018 година е неуспешен, што значи дека одлука за имплементирање на Договорот од Преспа нема, па оттука нема ниту овластување од граѓаните за овој циркус наречен уставни амандмани. Одлуката донесена на последниот референдум е задолжителна за сите органи, институции во државата, вклучително и за Владата и пратениците во Собранието на РМ.
    Фактот дека овие институции не ја почитуваат волјата на граѓаните и не го почитуваат суверенитетот кој произлегува и кој им припаѓа на граѓаните укажува уште еднаш на суровата вистина дека власта легитимира незаконие и дивеење во системот како главна карактеристика на своето владеење.
    Зоран Заев и неговите поддржувачи во власта или не знаат или едноставно не им е грижа дека согласно меѓународното право правниот идентитет на државата Република Македонија e инхерентно поврзан со суверената и независна волја на граѓаните и дека овој идентитет изворно потекнува од народот и од правото на НАРОДОТ на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ како апсолутно и неоттуѓиво лично и колективно право на секого од нас.
    Начелото на самоопределување на правниот идентитет како изворно народен идентитет на државата е поврзано со суверената власт на народот која има право да го САМООПРЕДЕЛИ и САМООДРЕДИ државно-правниот идентитет, односно државното име и народниот идентитет на начин како што чувствува и како што сака, без наметнувања, без надворешни притисоци.
    Правото на самоопределување и самоидентификација на секој народ е поврзано со независното право на државно самоодредување (Self-determination) кога се работи за основните елементи на државата како правен субјект.

Comments are closed.