Крие ли “Аватар” докази за делото “предизвикување општа опасност”?

Менаџментот на струмичкиот ноќен клуб кој работел без да ги почитува мерките против короната се обидува да ги скрие сите докази дека свесно се кршел законот особено членот “предизвикување општа опасност” кој според кривичарите е прекршен со непочитување на мерките.

Ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица ги избриша најавите и видеото за забавите откако медиумите објавија дека на ноќните забави што ги организира се собираат голем број млади и не се почитуваат здравствените протоколи.

Промотивните најави на Аватар се избришани откако Инспекторатот за труд најави кривична пријава до обвинителството.

SHARE