Критичарката на претходната власт Бужаровска разочарана од сегашната

Жестоката критичарка на претходната власт, писателката и книжевна преведувачка Румена Бужаровска, ја искритикува и сегашната на регионалната саемска програма „Македонија чита“ во рамките на 24. Саем на книгата во Пула што заврши денеска.

„Премногу очекувавме од новата власт. Разочара, што се гледа во тоа што сега никој не е одговорен за бегството на осудениот бивш премиер Никола Груевски“, ја цитира „Глас Истре“ професорката по американска книжевност на Катедра по англиски јазик на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

А само пред една година, во интервју за белградскиот магазин „Време“, Бужаровска ќе констатира: „Се разбира дека е подобро. Со самото тоа што ВМРО не е тука, работата е подобра. Како да заврши кошмар“.

 

SHARE