Кривична пријава против Коце Трајановски

Поради злоупотреба на службена положба и овласувања при изборот на директор на „ЈП Водовод и Канализација“- Скопје по оглас од 2014 година, поднесена е кривична пријава поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и уште три лица.

Од 11 пријавени кандидати за директор на „Водовод“ било избрано лице кое имал некомплетни документи.

Односно, избраниот имал завршен факултет во државата Њујорк во САД но дипломата не му била нострифицирана, соопштија од Секторот за внатрешни работи Скопје.

SHARE