Кривична пријава за висок дипломат во МНР

Вработена во МНР која дисциплински се гони за учество на конференција на дијаспората на која се промовирал македонскиот бренд поднесла кривична пријава за злоупотреба на службена должност до висок функционер во Министерството за надворешни работи.

“📌Денес поднесов Кривична пријава против извесна Ш.Ј. што во ходник и од нога потпишала дисциплинска постапка спротивно на член.353 ст.1 од КЗ на РМ!

📌Конечно во оваа држава, мора да се почитува правото и прадата и еднаш засекогаш да не се казнуваат луѓе кои си ја сакаат државата. Луѓе кои гласно и гордо како своја специјалност зборуваат за се’ што е македонско!!

✅Мојата борба само што започна!
📌Овој пат вашиот шаблонски слоган употребен во повеќе држави низ светот, “нема правда, нема мир”, ќе има САМО две бои: жолта како македонското сонце а црвена како симбол на борбата и непокорот!

📌Христо Татарчев еднаш рекол:
„Слободниот живот, но и политичките борби, влијаеа кај мене да се формира посебен светоглед за слободата на човекот и народите.“….

📌Ако подобро размислиме што сакал да каже, пораката негова е многу јасна!
🇲🇰Право и правдини за секој што си ја сака Македонија!🇲🇰”, пишува Викторија Трајков вработена во МНР која според извори во МНР е жртва на политички прогон заради отворено несогласување со одлуките на МНР и министерот Димитров за договорите со Грција и Бугарија.

SHARE