Кривична пријава за скопјанец што му се заканувал на Заев на Фејсбук

Граѓанин на Скопје доби кривична пријава откако вчера на Фејсбук упатил јавна закана против премиерот Зоран Заев, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Секторот за компјутерски криминал се сомнева дека М.С. (49) сторил кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, што е казниво по чл.144 од Кривичниот законик.

„Вчера по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон претседателот на Владата, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено. За случајот е известен дежурен јавен обвинител“, појасни МВР.

SHARE