ВМРО-ДПМНЕ до Јавното Обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, против Никола Димитров, против Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласаа за овој капитулантски, противуставен и противзаконски договор потпишан со Република Грција.

Во кривичната пријава се гонат по четири основи за сторени кривични дела: Велепредавство, согласно член 305 од Кривичниот законик на Република Македонија; Загрозување на независноста, согласно член 308 од Кривичниот законик на Република Македонија; Здружување заради непријателска дејност, согласно член 324 став 1 и 2 од Кривичниот законик на Република Македонија; и Злоупотреба на службената положба и овластување, согласно член 353 став 1,2 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Сите овие дела кои им се ставаат на товар се поткрепени со соодветни докази кои се приложени во склоп на пријавата.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Јавното Обвинителство и судскиот систем да го надминат стравот, да се одважат пред политичкиот притисок и да постапат согласно законите и професионалниот интегритет, процесуирајќи ја пријавата и да одмерат соодветни казни за сторителите на овие дела – стои во соопштението од најголемата опозициска партија.

SHARE

Comments are closed.