Кроасан со путер или кифлички со маргарин?

Има ли конечно одговор на вечната дебата дали е поздраво да се користи путер, или пак маргаринот е подобар за нашето здравје?
Вистината е дека и за ова како и за многу други прашања во поглед на исхраната важи златното правило, ниту путерот ниту маргаринот не се штетни доколку се консумираат во умерени количини.

Но во што конкретно се разликуваат?

Главната разлика помеѓу путерот и маргаринот е тоа што маргаринот се произведува од растителни масла, а путерот од животински. Маргаринот е богат со незаситени масти кои се препорачуваат бидејќи помагаат во намалување на лошиот холестерол, додека путерот има повеќе заситени масти кои го подигаат севкупното ниво на холестерол во крвта. Навидум дилемата е решена, одговорот едноставен, но не е така.

Зависно од процесот на производство дел од маргарините, оние кои се продаваат во коцка завиткани во хартија се добиваат со хидрогенизација на растителните масла. Тоа е процес во кој на растителните масла им се додава водород со што тие добиваат цврста и долготрајна состојба.

Како такви тие се многу погодни за користење во пекарството зошто ги подобруваат текстурата и вкусот на производите. Но со процесот на хидрогенизација истовремено вештачки се создаваат т.н. транс масти, за кои науката докажала дека го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, когнитивни заболувања и мозочни удари. Тие се причината за лошата репутација на маргарините.

За среќа, со развојот на технологијата, некои производители нашле начин да произведат маргарин без хидрогенизација, кој ќе ги содржи незаситените масти кои му се потребни на организмот, но нема да содржи хидрогенизирани и транс масти.

Во прашање се маргарини за мачкање кои се продаваат во пластична кутија каков што на нашиот пазар е на пример Бордс Еве. Според својот состав ваквите маргарини се поздрави од путерот, бидејќи содржат дури двојно повеќе незаситени масти кои се значаен дел од здравата исхрана. Незаситените масти помагаат во намалување на ризикот од срцеви заболувања и намалување на нивото на холестерол во крвта.

Бројни научни студии од реномирани институции како Mayo Clinic и Harvard Medical School ги проучувале разликите меѓу маргаринот и путерот, нивниот состав и хранлива вредност. Нивната препорака е да се користат маргарините без хидрогенизирани масти како поздрава замена за путерот.

Затоа внимавајте на балансот. Ако преферирате кроасани со путер, тогаш на лепче намачкајте здрав маргарин.

SHARE