Крсто, апсолутниот победник на Вевчанскиот фестивал (ФОТО)

Пратеникот Крсто Мукоски е апсолутен победник на Вевчанскиот фестивал кој се одржува денеска и утре во питорескното Вевчани.

Народниот претставник кој ја пееше македонската химна на 27 април, кој ги отвори собраниските врати по што беше амнестиран а во меѓувреме доби милионски тендери од владата е најинтересен лик на карневалот што ја исмејува човечката и политичката глупост.

Мукоски кој годинава е дел од многу маски но и креации на фотошоп на социјалните мрежи беше дел од групата од 81 пратеник која гласаше за промена на името а е роден Вевчанец.

SHARE