Пратеникот Крсто Мукоски за кој се вели дека наводно ги отворил вратите на Собранието на 27 април минатата година по што маса луѓе влегоа во парламентарниот дом, преку неговите адвокати побарал амнестија, дознаваат медиуми.
И Никола Митровски-Кољо, еден од оние кои упаднаа во законодавниот дом и близок пријател на Александар Василевски – Нинџа се обратил до Кривичниот суд со барање за амнестија.
Пратениците неделава го изгласаа Законот за амнестија, а откако тој вчра е објавен во Службен весник тече рокот од пет дена обвинетите да поднесат барање за амнестиј.
Амнестија досега побарале и Оливер Радулов, вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Младен Додевски.
Во понеделник се очекува амнестија да побараат и пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски-Нинџа.