Кржаловски: Меѓународен договор со Грција максимум за годинава

Александар Кржаловски од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) е песимист во однос на приемот на Македонија во НАТО на самитот во Брисел во јули, а не верува ни дека Европски совет ќе одобри почеток на преговори за членство во Европска унија во јуни.

Најмногу на што Македонија може да се надева, според него, е склучување меѓународен договор со Грција до крајот на годинава, кој би овозможил добивање датум на преговори, а во него би билат наведена патеката на движење на земјава до ЕУ.

Според искажувањето на политичкиот аналитичар за телевизијата Алфа, дотогаш Македонија ќе остане да лебди во лимбо положба.

МЦМС вчера ги објави резултатите од истражувањето на јавното мислење, кои покажуваат дека 47,1 проценти од македонските граѓани се против каква и да е промена на уставното име на нивната држава.

 

SHARE

Оставете коментар