Кржаловски: Заев нема да даде техничка влада (Забранета дебата 3)

Првиот човек на Македонскиот Центар за меѓународна соработка (МЦМС) Александар Кржаловски смета дека премиерот Заев ако нема датум за ЕУ и мора да оди на избори нема да даде техничка влада согласно договорот од Пржино.

Зборувајќи во цензурираната емисија на 1тв за сценариото во кое без датум за преговори опозицијата ќе се обиде да издејствува предвремени избори и техничка влада, Кржаловски изразува сомнеж во такво сценарио со техничка влада кое што е дел од политички договор меѓу најголемите партии.

„Не верувам дека ќе ја добијат“, вели Кржаловски во коментарот, но водителот на емисијата Чомовски не поставува дополнително прашање за Кржалоски во врска со техничката влада туку поставува прашање на другите гости.

Изјавата на Кржаловски за техничката влада е на 31 минута и 40 секунди од видеото

Според договорот од Пржино опозицијата на 100 дена пред парламентарни избори треба да добие високи позиции во владата меѓу кои и министер во МВР со цел да се организираат избори без притисоци.

Минатата недела адвокатот Јанаки Митровски кој беше гостин на дебатата за СЈО и датумот за ЕУ обвини дека телевизијата 1тв без никакво објаснување ја избришала емисијата.

Емисијата подоцна ја објавуваат граѓани на социјалните мрежи.

Други причини зошто е избришана емисијата на 1тв

Аземи во забранетата емисија: Има договор СЈО да не го гони ДУИ (Избришана дебата бр. 2)

SHARE