Култната песна „Македонија“ на Дадо Топиќ наполни 47 години

Една од култните нумери на ексјугословенската рок група „Тајм“, песната „Македонија“ на авторот Дадо Топиќ, е снимена на 5 јуни 1973 година.

Песната ја сними тројката што ја сочинуваа дадо Топиќ како пејач и басист, Ведран Божиќ на гитара и Пеце Петеј на тапани.

Снимањето на синглот посебно го памети Петеј, бидејќи поради неговото снимање задоцни на сопствената венчавка истиот ден во Сплит. Со идната сопруга Нада договорија по телефон нов термин и стапија во брак еден месец подоцна, а кум му беше Дадо Топиќ.

Песната на македонски јазик ја препеа групата „Меморија“ и таа се најде на нејзиниот албум „Октомвриски дождови“.

SHARE