Куманово под стрес: МНР да каже кои лица и од каде се враќаат

Министерство за надворешни работи да ни достави список на лица од Куманово, кои се најавени да се вратат во Република с. Македониј., е едно од барањата на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста КОВИД-19 (коронавирус).

Куманово, од петокот е ставен во карантин, одлука која предизвика вознемиреност на граѓаните кои, ненавремено информирани за рестриктивната мерка, масовно излегоа да ги набават неопходните потребштини за време на дводенвниот карантин.

Покрај ова, на состанокот беа донесени и барањата:

-Комисија за заразни болести во Министерство за здравство да направи целосен пресек на состојбата во Општа болница Куманово за бројот на позитивни случаи од персоналот во болницата по одделенија и да даде свое видување за функционалноста на капацитетите на болницата во овие околности.

-Кризниот штаб при Влада на Република с.Македонија да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое директно ќе се вклучи во работата на ОШЗС.

SHARE