Куновска: Се молат браќата сдсмовци да не прават вмровски работи

Парафразирајќи ја легендарната изјава за Ромите на пратеникот Амди Бајрам, поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, јавно им се обрати на своите сопартијци со молба.

„СЕ МОЛАТ БРАЌАТА СДСМОВЦИ ДА НЕ ПРАВАТ ВМРОВСКИ РАБОТИ

ПР тимот на СДСМ волку ли смисли по повод целава сапуница.

Кој со кого се гледал?! 
Притоа тие што се гледаат ниту ги плаќаме ниту е забрането да се гледаат.

Аут оф фокус или магла по нашки.

Не се држат пресови за опозиција туку се покренуваат соодветни постапки ако некој прави нешто недозволено, драги мои“, порача актерката преку Фејсбук.

SHARE