Поранешната пратемничка на СДСМ, Софија Куновска, вели дека вината за недобивањето датум за почнување на преговори со ЕУ не е само на една страна…

„Коментарите на самите членови на Европарламентот се дека едно неисполнето ветување го руши вкупниот углед на ЕУ како сериозна инстутуција. Иницијативите за повторно разгледување на можноста за проширување упатуваат на заклучокот дека се признава направена грешка. Власта која вообичаено многу лесно се расфрла со ветувања, на своја кожа почувствува што е неисполнето ветување“, вели Софија Куновска во интервју за порталот „Фактор“.

„Но, тоа нам не треба да ни ја замати диоптријата кога се анализираме самите како општество. Власта пред се, но еднакво и опозицијата мораа и мораат да го препознаат надпартискиот, наднационалниот и единствен интерес на својата земја и бескомпромисно и фанатично сите да се посветиме на една цел, целосно ресетирање на системот и расчистување со минатото.

SHARE