Австрија воведе ограничувања за пристигнувањата од Бугарија, Романија и Молдавија, поради влошување на состојбата со коронавирус во овие три земји, соопшти австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Австриските власти регистрираа пораст на бројот на пациенти со коронавирус, 100 нови заразени на ден и тоа , исто така, се поврзува со „увозот“ на инфекцијата од други земји, пренесе БГНЕС.

Од утре, 9 јули, оние што пристигнуваат од Бугарија, Романија и Молдавија мора да покажат негативен тест за коронавирус или да одат во 14-карантин.

Претходно, австриското Министерство за надворешни работи предупреди да не се посетуваат земјите од Западен Балкан.

„Секој што се враќа во Австрија од овие земји мора да се придржува до 14-дневен карантин. Оние кои нема да се придржуваат прават сериозен престап. Тоа ќе се казни со парична казна до 1.450 евра “, предупреди канцеларот.

Тој исто така најави дека од утре контролата на границите со Унгарија и Словенија ќе биде удвоена од утре, особено во однос на оние што се враќаат од Западен Балкан.

SHARE