Курти за 50% ги скрати министерските плати

За 50 % помали плати ќе примаат министрите во владата на косовскиот премиер Албин Курти.

Екс-премиерот Рамуш Харадинај пред две години си ја зголеми платата за речиси 100 отсто од 1.500 на 2.950 евра, зашто имал трошоци за кравати, потег што предизвика жестоки критики во земјата каде една третина од населението е невработена.

Невладини по тој повод организираа хуманитарна помош во кравати за Харадинај.

„Предлагам да ја поништиме одлуката на претходната влада и да ги вратиме платите на претходните износи“, кажа Курти пред кабинетот да ја одобри неговата одлука.

SHARE