Курти ја одби последната понуда да формира влада


Лидерот за движењето за Самоопределување, Албин Курти, официјално ја отфрли последната понуда на Демократскиот сојуз на Косово(ДСК) на Иса Мустафа за формирање заедничка влада.
Курти не прифаќа ДСК да ја добие функцијата косовски претседател, кога на актуелниот претседател Хашим Тачи ќе му истече мандатот.

ДСК веќе го доби местото претседател на косовскиот парламент.

Приштинска „Газета експрес“ оценува дека најновите случувања уште повеќе ја влошиле ситуацијата меѓу двете албански партии, кои не успеваат да постигнат договор по повеќе од три месеци од предвремените парламентарни избори на 6 октомври минатата година.

SHARE