Кандидатот за премиер од Движењето Самоопределување, партијата која победи на предвремените избори во Косово на 6 октомври, Албин Курти, го повика косовскиот претседател Хашим Тачи да поднесе оставка и рече дека „Косово и Албанија треба да бидат како двете Германии“.
Тој за Еј-би-си Њус изјави дека е против формирање на 4-та Југославија.

Тој смета дека идејата за балкански шенген има за цел формирање на четврта Југославија.

„Србија е посветена на создавање нова платформа за Голема Србија.

На Србија и треба платформа за проширување и не смееме да дозволиме четврта Југославија, што е целта на Србија“, рече Курти.

SHARE