Курто Дудуш призна дека тепал – доби опомена од Судот

Курто Дудуш, Градоначалникот на Шуто Оризари денеска е осуден за напад на Демир Исмаил, а пресудата за стореното кривично дело, нанесување тешка телесна повреда, е „судска опомена“.

Дудуш призна вина и рече дека жали за стореното, а нападнатиот Исмаил најави дека во друг судски спор ќе бара оштета од градоначалникот Дудуш.

По признанието за сторениот напад, судијата Ѓоко Ристов, му изрече казна “судска опомена” на градоначалникот на Шуто Оризари.

Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, смета дека бил нападнат од Дудуш на Ромски бал затоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината.


SHARE