Новинарот на италијанскиот „Ла Верита“, Ларис Гејзер, денеска објави видео колумна поврзана со „Рекет“ во која оценува дека откритијата околу предизвикаа „внатрешни и надворешни тензии“, но изразува разочараност од отсуството на реакции во ЕУ
за скандалот во кој, наводно, е вмешана и шефицата на СЈО, Катица Јанева.

„И токму од унијата, која што сметавме дека треба да се преиспита уште пред неколку години бидејќи, преку Могерини, беше главен спонзор на СЈО и на многу меѓународни трауми нанесени на МК, стигна најпоразувачката порака, тотален молк.

Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите.

Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин.

Толку јасен што и на Дорис Пак ѝ станало јасно дека нешто не чини, децениски парламентарец задолжена за проширувањето на Балканот и без никаква дилема една од најмоќните политички фигури од ЦДУ и Германија, и актуелна претставничка на ЕПП. Дорис Пак објави силен апел вчера на социјалните мрежи, со барање за итна реакција , кон надворешните служби на Унијата, запрашувајќи се како Могерини може да молчи пред криминалната реалност обзнанета од третото видео објавено на сајтот на Ла Верита.

Во 2015г, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на Македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите“, вели Гејзер во видео-колумната.

Со прилогот не е објавена нова снимка, а новинарот Гејзер во врска со тоа објаснува:

„Што се однесува до нас, продолжуваме со проценување на конкретноста и на правната изводливост со цел потенцијално објавување на друг аудио материјал…“

SHARE