Истрагата за случајот „Рекет“ ќе биде последниот удар за иднината на македонскиот премиер Зоран Заев и покрај обидот со предвремени избори да ја избегне одговорноста и целата вина да ја насочи кон Европа пишува на италијанскиот весник Ла верита. , пренесува МКД.МК.

Весникот кој прв ги објави видео снимките од случајот „Рекет“ потсетува на невладина организација на Боки 13, Меѓународниот сојуз“ преку кој поминуваа парите од многубројните активности за изнуда.

„Во ноември 2018 година Силјан Мицевски, човекот што се занимава со градежништво, на една стара госпоѓа, Лилјана Тодоровска ѝ платил 750 илјади евра за една брилијантна идеја за изградба на пензионерски домови. Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, во банката била придружувана од двајца претставници на Меѓународниот сојуз, кои ја земале целата сума и потоа исчезнале со парите. Во овој случај, официјално под истрага се таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународен сојуз.

(…) Управата за финансиско разузнавање (УФР), сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето пд 750.000 евра извршено во корист на Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага“, пишува италијанскиот весник.

Сепак, според нашите информации, пишува новинарот на Ла верита Ларис Кајзер, а и од сведочењето на обвинителот Наум Пановски пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите.

„Русковска, не случајно фаворитка на Заев за замена на Катица Јанева, специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев. Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите, 750.000 евра, биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа“, го пренесува МКД:МК  написот на Ла верита.