„Ла Верита“: Заев сам себе се побива

Во најновиот, трет по ред, напис за изборните измами на Зоран Заев за време на изборите 2014 година, „Ла Верита“ констатира дека со реакцијата на пишувањето на италијанскиот весник, Заев не негира дека во Македонија нема поделба помеѓу судската и политичката власт…

„Ла Верита“ , уште повеќе, костатира дека постоел скриен договор меѓу Заев и Груевски што на крајот резултирал со „непопречено од нииедна институција“ бегство на Груевски.

„Зоран Заев реагираше на нашите објавувања подвлекувајќи дека претходната влада на Никола Груевски, доколку истрагите утврделе незаконитости, веднаш ќе го искористела тоа. Со неговата изјава тој сам себе се побива бидејќи дури не се ни обидува да прикаже дека во Македонија има поделба на власта, помеѓу судската и политичката, а токму скриениот паралелен договор помеѓу Груевски и Заев се базира на македонската политичка шаховска табла, со нејзината константна нестабилност.

Никола Груевски уште во 2014 година почна да добива бројни сигнали од меѓународната заедница дека не е посакуван како премиер во иднина, додека пак Заев тогаш почнуваше да се фали дека ја има поддршката од Европската Унија, од САД и од Обама. Додека Заев знаеше дека за неговото доаѓање на власт ќе добие се што е потребно од европските сојузници, со цел да ги смени Уставот и името, Груевски за да си го гарантира спасот почнува со собирање информации со потенцијал да му наштетат на противникот.

Видеото од 2015 година од средбата кога Заев го информира Груевски дека има компромитирачки материјали докажува дека Груевски многу добро се подготвил за евентуалната уцена.

Неговото бегство, непопречено од ниту една институција, со кое го остави  македонскиот народ осамен против уцените и притисоците што ги објавивме минатото лето (случајот „Рекет“ – нз.з), е само епилог на една типична размена на услуги кои доколку се сака да се избегнат, државата ќе мора итно да воспостави функционален и независен правен систем. Прв и витален услов за иднината на државата во Европа“, пишува меѓу другото „Ла верита“.

SHARE