Лаги, инвестиции и Баба Ванѓа на Илиденска – пишува Горан Момироски

Македонската влада веќе 100 дена тврди дека во четвртиот квартал од годинава (2019) земјава има огромно ниво странски инвестиции.

Во пофалбата за своите економски политики Владата јавно тврди дека за периодот од Октомври до крајот на декември годинава Македонија веќе успеала да привлече фантастични 311 милиони странски инвестиции.

Освен што е практично невозможно владата однапред да знае колкави се странските инвестиции во период што допрва следи оваа бројка е неточна и манипулативна ако се спореди со нивото на инвестиции од првиот квартал од годинава кога имало 10 пати помалку пари за истата работа.

Информацијата на владата е објавена на 28 март оваа година и досега не е демантирана, повлечена или исправена доколку се работи за некаква грешка или гаф.

Да биде работата потрагична на оваа владина информација во која има и недозволиви граматички грешки лајк ставиле премиерот Заев и тогашниот владин портпарол а сега шеф на кабинетот на претседателот Стево Пендсровски, Миле Бошњаковски.

Постот на Твитер им се допаднал и на странски корисници кои во недостаток на информации за Македонија можат да помислат дека сме одлично организирана држава со прецизна визија за иднината, дека владата ни е видовита или дека премиерот и неговиот ПР тим можат да лажат и манипулираат без да сносат одговорност за тоа.

SHARE