Лани во земјава биле увезени 2.215 тони отпад

Во текот на 2019 година вкупната количина на увезен отпад во земјата бил 2.215 тони и не станувало збор опасен отпад, а само една компанија користела отпад како гориво, дознава РСЕ.

Од Царинската управа соопштија дека според нивни податоци компанијата „Блацион ДОО “, во која се јавуваат како косопственици двајца македонски државјани, не уверзувала отпад во земјава.

Ваквото соопштение следува откако во соседна Бугарија се отвори истрага за увоз на отпад од Италија преку споменатата фирма.

SHARE