Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на Меѓународната безбедносна конференција во Минхен уште еднаш негира руска вмешаност во настаните во Македонија.

„Бевме обвинети за вмешување во историјата на определувањето на името на Македонија, без притоа да се приложат какви и да се веродостојни факти. Во исто време, вчера разговарав со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, и со редица други колеги. И самиот Столтенберг, и германската канцеларка Меркел и некои Американци, според мое мислење, американскиот секретар за одбрана – пет или шест водечки западни политичари дојдоа во Скопје и јавно повикаа да се гласа на референдумот за промена на името на републиката. Јавно и отворено. Ако направевме барем стотина од ова, ќе ни беа воведени нови санкции. А на овие ‘патници од прва класа’ сè им оди од рака“, одговори Лавров на прашањето: „Руската влада се обиде да се вмеша во работите на Грција и Северна Македонија, флертувајќи со националистичките сили во овие земји. Како ова соодветствува со вашите уверувања дека ја поддржувате Европска унија?“.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.