Лазаревски од универзитетот Колумбија: Ах бре северно-македончиња

Дипломецот од топ светските универзитети Колумбија и Харвард Горан Лазаревски преку насловот на книга на првиот претседател објаснува зошто Киро Глигоров не попуштил под притисоците да го смени името согласно грчките барања.

“Ах бре северно-македончиња, мислите случајно се вика книгата „Македонија е се што имаме„? Човекот преживеа и Светска Војна, и Студена војна, и распадот на Југославија, и ембарга, и атентат, и во целата негова државничка мудрост тој 20 години не потклекна пред секакви западни и грчки притисоци, далеку полоши од овие денес, да го смени името на државата.

И по 20 години се најде еден „јунак„ од Муртино со наивен идеализам и колонијален mindset, што нема ниту една книга прочитано во живот, ниту пак што било на англиски прочитал и разбрал, да одлучува за проблематики кои бараат изврсно познавање на историја, лингвистика, антропологија, економија, филозофија, вештини на преговарање; да погази врз се она што 20 години сме го сметале како национален и стратешки интерес; Што до вчера, и тој, а и вие самите тврдевте дека нема нормален Македонец што би прифатил промена на името во Уставот, за преку ноќ да се премислите и сите најконформистички да тргнете по неговиот памет. А зошто? Заради одлука за *можен* датум за почеток на преговори за членство во ЕУ кое нема да се материјализира се до 2030 година, а прашање е и тогаш”, објаснува младиот човек што завршил на некои од најпрестижните универзитети на светот.

За Лазаревски спорна е и тезата на власта според која “или ќе го прифатиме договорот, или никогаш нема да влеземе во ЕУ/НАТО. Или си за договорот, или си против ЕУ”.

За него тоа е лажна дилема.

“Секогаш кога некој го стеснува вашиот избор на само две можни опции, тоа е знак дека ве манипулираат и контролираат. Доколку ги прифатите тие правила на игра, тогаш сигурно ќе изгубите, затоа што двата избора се намерно така дизајнирани што ве наведува да го правите точно тоа што тие сакаат. За да се ослободите од манипулантот, морате да го отфрлите тој лажен избор, и да увидите дека постојат уште милион други опции кои вам во овој момент ви се претставуваат како невозможни. Ослободувањето почнува со бојкот на референдумот, и завршува со пропаѓање на договорот од Преспа”, смета Лазаревски кој открива што според него ќе се случува потоа.

“Потоа имаме до 2030 уште минимум 10 години за реформи кои ќе не доближат до ЕУ, за преговари за нов договор под далеку поповолни услови (нужен услов за да помине, доколку овој пропадне), кој нема да не закрвари едни со други, и кој нема да биде понижувачки за големото мнозинство граѓани и штетен по нашите национални интереси”, заклучува Лазаревски.