Кирил Лазаров се најде во видеото на Европска ракометна федерација (ЕХФ) со нејзиниот избор на десетте најдобри играчи во Лига на шампиони во 2018 година.

Десниот бек и капитен на македонската репрезентација годинава што изминува со Нант стана европски клупски вицепрвак, а во тековната сезона е прв стрелец на францускиот тим.

Покрај Лазаров, во топ 10 се и Бјарте Мирхол од Скјерн, Андре Шмид од Рајн Некар Левен, Алекс Душебаев од Кјељце, Венсан Жерар од Монпелје, Арпад Штербик од Веспрем, Диего Симоне од Монпелје, Сандер Сагосен од Пари Сен Жермен, Сирил Димулан од Нант и Недим Ремили од ПСЖ.

SHARE

Оставете Коментар