Со проектилот на капитенот Кирил Лазаров во последната секунда, ракометната репрезентација на Македонија го отвори Европското првенство со победа над Украина од 26:25.

Најдобриот македонски ракометар беше најефикасен во победничкиот тим со осум погодоци, а забележа и толку асистенции.

Покрај Лазаров, јунак на Македонија во овој меч беше и голманот Никола Митревски со 16 одбрани, неколку од нив во самиот финиш на средбата во Виена.

Манасков запиша пет гола, а Стоилов и Талески по четири.

Во следното коло в недела од 16 ч. „црвено-жолтите“ ќе играат со Чешка, која денеска загуби од Австрија со 32:29.

SHARE