Партиите кои се залагаат за националните интереси на државите од Европската унија, за прв пат имаат можност да победат на изборите за Европскиот парламент во мај 2019 година, изјави  лидерката на францускиот Национален фронт, Марин Ле Пен.

„За прв пат, партиите кои ги изразуваат националните интереси може да се надеваат на демократска победа за да го сменат текот на историјата, Европа и нашите нации. За првпат можеме да го постигнеме она што не можеа да го замислат „евроцентристите“  – семана на власта.

За прв пат ќе имаме можност да (…) ги проветреиме европските сали на институциите во ЕУ, да ги тргнеме зачкрипените европски механизми во кои повеќе никој не верува, да ги смениме европски лидери кој се клатат, како што е претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер“, вели Ле Пен.

Според неа, „ЕУ е компромитирана и со потценета европска идеја, и излегувањето на Велика Британија е потврда за тоа“, рече Ле Пен и додава „нашата цел веќе не е едноставно да учествуваме, туку да победиме. Ние сметаме дека заедно можеме да формираме во парламентот малцинство кое ќе може да блокира, или, јас се надевам, да формираме мнозинство и да го исполниме новиот европски проект “, истакна таа.

Партијата што доби мнозинство на изборите за Европскиот парламент ќе добие право да назначи претседател на Европската комисија. На последните избори во 2014 година, и во текот на изминатите 30 години, победуваше Европската народна партија победи која ги обединува центристичките и христијанско-демократските партии во ЕУ. (БГНЕС)

SHARE