Легендарниот филмски актер Кирк Даглас почина на 103 години

Холивудската актерска легенда Кирк Даглас почина во 103. година од животот, објави неговиот син Мајкл Даглас.

Славниот Спартак зад себе ги остави сопругата Ана Бајденс (65), синовите Мајкл, Џеол, Питер и Ерик, внуците и правнуците.

„Со голема тага моите браќа и јас објавуваме дека Кирк Даглас нè напушти денес во 103. година. За светот тој секогаш ќе биде легенда, глумец од златното време на филмот, кој живееше добро и доживеа длабока старост, хуманитарец чија што посветеност на правдата и на принципите во кои веруваше постави стандард кон кон секој од нас може да тежнее. Но, за мене и за моите браќа беше само татко, а за Кетрин (Зета-Џонс) прекрасен свекор, за неговите внуци и правнуци обожуван дедо, а за жената Ана сакан сопруг“, рече Мајкл Даглас во емотивната изјава за магазинот „Пипл“.

SHARE