„Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас”, напиша пишува на фејсбук Јово Бурнески, лекар од Прилеп, кој апелира до министерот за здравство, Венко Филипче да формира солидарен фонд за социјално загроезените.

Тој е подготвен, лично прв ќе ја донира својата докторска плата.

Апелот на др. Бурнески доаѓа по, сега веќе повлечениот предлог, на министерот Филипче, државата да ги покрива трошоците за интервенции кај лица кои сакаат да го сменат полот.

Филипче го повлече предлогот по реакциите во јавнопста, меѓу кои и укажувањата дека менување на пол е работа на избор, а пружање здравствена нега е обврска на државата.

“Ве замолувам господине Венко Филипче и министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд.

Јас како Доктор прв ќе ја донирам мојата докторска плата за да им се помогне на сите социјално загрозени категории и на сите граѓани со помали примања кои немаат можност да го платат прегледот на доктор и кои немаат здравствено осигурување, како и сите пациенти кои треба да се лекуваат во странство да бидат покриени“, напиша лекарот од Прилеп.

Извор: Маркукуле

SHARE