„Има многу повеќе заразени во Македонија отколку што се детектирани. Ни фали тестирање.
Не знам зошто немаме масовно тестирање. Самоизолација, земање витамини и имуносупортивна терапија, изолација на оние кои биле во најблизок контакт и бројот на заболени полека ќе стивнува“, пишува Д-р Трпчевски од болницата „Плодност“ во Битола.
„Бевме и ќе останеме транспарентни. Да нема дилеми. Не уште двајца, туку тројца од персоналот се позитивни на корона вирус од Болница „Плодност“. Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гиеколог и една медицинска сестра. Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица.
Јас побарав да им се земат брисеви. Побарав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале. Сакам да се земат брисеви од сите вработени.
Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите“, пишува д-р Трпчевски на Фејсбук