Лекар тврди дека Филипче шири лажни вести за лек против Ковид-19

Долго најавуваниот и очекуван лекЉ „Ивермектин“ кој се употребува во лекување на вирусот Ковид 19 од денеска е достапен за граѓаните во аптеките, информираа денеска министерството за здравство и министерот Филипче.

Според нив овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист но според лекар кој работи во примарното здравство лекот не може да се набави никакво затоа што го нема воопшто а ниту лекарите се информирани дека може да се препишува.

Лекарот Ненад Лазаров ја негира информацијата на и тврди дека лекот никаде го нема.

„Еве лажна вест! Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки.

Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи. Скандалозно е екскомуницирањето на цело примарно здравство, 80% од COVID19 тука се менаџира. Срамно е лажењето а штетен е ефтиниот PR“, стои во неговиот пост.

Предходно министерството за здравство и министерот Филипче објавија дека лекот може да се најде во аптеки со рецепт.

SHARE