Лекари контра Синдикатот: За 100 илјади денари Заев ќе добие дијагноза и терапија

Не сите лекари се согласуваат со Синдикатот кој вети гласови за СДСМ ако ги оствари ветувањата од 2016 година.

Заев, Филипче и Синдикатот нека продолжат со малоумните приказни порачува Ленче Неловска лекар од Скопје која ветува само дијагноза и лекови за нив.

“100 000 денари плата беше ветено од СДС на претходните избори. Нема што сега Синдикатот да се као пазари. СДС има должност да исполни ветување, за кое веќе доби 2016 гласови. Дали Синдикатот го прашал своето членство за да дава ваква изјава или раководството, кое наводно е аполитично, се впушта во политичка игранка со која ги понижува докторите.

Дали докторите ќе бидат повторно злоупотребени во малоумните сценарија на СДС?

Нема ни теоретска шанса!!!

Заев, Филипче и Синдикатите можат да продолжат со малоумните приказни.
Од докторите може да добијат само ДИЈАГНОЗА и ТЕРАПИЈА”, пишува Неловска за ставот на синдикатот.