Антивирусниот лек ремдесивир, кој го примаат хоспитализирани пациенти со COVID-19, веќе му донесе заработка на производителот Gilead Science од скоро 900 милиони долари во третиот квартал, објави фармацевтската лабораторија.

Ремдесивир е еден од првите лекови за кои се покажа дека е релативно ефикасен во ригорозните испитувања за да се скрати времето на опоравување на пациентите со КОВИД-19

Се покажа дека Ремдесивир го скратува времето на опоравување за неколку дена, но не е докажано дека ја намалува смртноста.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој беше заразен на почетокот на октомври, пет дена примал ремодесивир – но и други лекови.

SHARE