Ле Пен: Британија си ја врати слободата

Француската десничарка Марин Ле Пен го поздрави „враќањето на слободата“ на Велика Британија, пренесе АФП.
Според Ле Пен, Брегзит е „ужасен неуспех на Европската унија“.

Унијата мора „да се трансформира во Европската унија на народите“ рече лидерката на францускиот Националн фронт собрание на прес-конференцијата во Лил.
Таа верува дека Велика Британија ќе доживее голем успех во наредните години.
„Или државите членки на ЕУ ќе продолжат да ги трескаат главите во ѕид, да опстојуваат во догматизам и други земји да заминуваат, или ќе ја сфатат својата грешка, ќе ја прифатат и ќе ги направат големи промени што ги очекуваат народите, имено трансформација не во технократска и неефикасна супранационална Европска унија, туку во европски сојуз на држави “, истакна Ле Пен..

SHARE