Летоци за „Автономија на Егејска Македонија“ се појавиле во Северна Грција (ВИДЕО)

Провокација на Македонците, како што тврдат грчките медиуми, или операција на грчките служби за безбедност која има цел да се предизвика негативен имиџ за македонското малцинство во оваа земја.

Како што пренесува Star.gr, деновиве се појавиле летоци во околината на Лерин и на Серес, Егејска Македонија, со содржина која повикува за автономија на Егејска Македонија во Грција.

Летоците се потпишани од засега непознатата организација ВМРО Обединета и во нив се повикуваат македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за автономија на Македонија.

Веста за летоците прв ја објави весникот „Илинден“ на Македонците во Албанија.

Летоци за автономија на егејска Македонија во Лерин и Серес (ВИДЕО)

SHARE

Оставете коментар