Новите бомби и скандали со кои деновиве се опкружени социјалдемократите, навестуваат дека крајот е блиску, велат од партијата „Левица“ според која најавениот план на Владата за акција против ширење дезинформации е ништо повеќе или помалку од еуфемизам за сервилна цензура на неистомислениците и критичарите на оваа власт, кои довербата од народот одамна ја имаат изгубено.

„Во својата паника тие веќе се обидуваат да извршат притисок врз новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски повикувајќи ги на информативни разговори.

Со тоа СДСМ се обидува јасно да упати порака дека секоја критика кон нив може да го загрози критичарот.

За нивна несреќа, таа порака не резонира успешно кај граѓаните, кои уште посилно удрија по социјалдемократите, па сега дојде време за нови мерки, антидезинформациски“, се вели, меѓу другото, во соопштението на „Левица“.

Извор: Макфакс

SHARE