ЛГБТИ заедницата бара извинување од Заев

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија го повикува премиерот Зоран Заев јавно да се извини за дадените изјави во врска со ЛГБТИ заедницата, пренесува порталот „Мета“.

За ЛГБТИ заедницата вчерашната изјава на премиерот за медиумите е навредлива, но уште понавредливо е оправдувањето објавено на Твитер акаунтот на Премиерот на „Твитер“ дека со зборот „педер“ мислел на карактерна особина, а не за означување на сексуална припадност,

Од Националната мрежа го повикуваат премиерот Заев не само јавно да се извини, туку и бараат тој уште поинтензивно и посериозно да се зафати со унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во земјава, јавува „Мета“.

SHARE