Либија пред распаѓање: Почнува долга и крвава војна

Претставникот на ОН за Либија Гасан Салам предупреди дека битката за Триполи „е само почеток на една долга и крвава војна“.

Салам повика да се преземат итни чекори за да се прекине ДОСТАВАТА на оружје нА страните во конфликтот во Либија и во битката за главниот град Триполи, која трае од почетокот на април, јавува Би Би Си.

Говорејќи пред Советот за безбедност на ОН, Салам предупреди дека конфликтот може да се развие во состојба на „хаосот на сите против сите, или поделба на земјата“.

„Не сум Касандра (лик од Илијада на Хомер), но насилството во близина на Триполи е само почеток на една долга и крвава војна на јужните брегови на Медитеранот, со што се загрозува безбедноста на либискиот соседи и поширокиот медитерански регион“, рече Салам.

Тој додаде дека безбедносниот вакуум што се појави во текот на борбите за Триполи, веќе искористат Исламската држава и Ал-Каеда, и дека оружје „се слива од секаде“

По таканаречената „Арапска пролет“ која ја зафати и Либија како наводна револуција зсо цел демократизација на земјата и уривањето на лидерот Моамер Ел Гадафи, Либија е во хаос.

SHARE