Ќе можат ли лица со двојно државјанство да бидат амбасадори

Комисијата за надворешна политика денеска ќе го разгледа Предлог на закон за изменување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од Артан Груби и Јулиана Николова.

Пратениците Груби од ДУИ и Николова од ЛДП до Собранието поднесено измени на Законот за надворешни работи по скратена постапка тоа само во еден член во делот на условите што треба да ги исполнуваат кандидатите за амбасадори.

Предлагаат во членот 36 став 1, алинејата 1 да се  смени и  да гласи „да е државјанин на Република Северна Македонија“, а по ставот 2 да се додаде нов став 3 и да гласи: „Лице кое има државјанство на друга држава не може да биде именуван за амбасадор во државата за која има државјанство“.

„Министерството нема да прати ниту еден амбасадор кој не ги исполнува важечките прописи, пред се, од актуелниот Закон за надворешни работи. Кандидатите што се во оптек и што имаат двојно државјанство се условно усогласени така што нема да може ако остане актуелниот закон да бидат упатени се додека имаат двојно државјанство“, вели во врска со ова министерот Никола Димитров.